Почитувани членови на ДПМ,
Во врска со претстојното Вонредно изборно собрание на ДПМ коешто ќе се одржи на 25.11.2023 година во 11 часот, најљубезно ве замолуваме, доколку немате добиено мејл со Дневен ред и Повик за кандидатури (за Претседател на ДПМ и за Претседател на Собранието на ДПМ) испратен на 20.10.2023 година, да се обратите на имејл адресата на drustvonapisatelimk@gmail.com или на телефонскиот број 02/3228-039 кај техничката секретарка, секој работен ден од 10.00 до 14.00.
Ви благодариме на разбирањето.
Воедно, ве потсетуваме дека Повикот за кандидатури е објавен на нашиот ФБ профил и во дневниот весник ,,Вечер” (електронско издание од 23.10.2023. и печатена верзија од 24.10.2023.).
Со почит,
Канцеларија на
Друштвото на писателите
на Македонија
Скопје, 24.10.2023.