ДПМ НА ПРОМОЦИЈА НА АУДИО КНИГАТА „БЕЛИ МУГРИ“ ВО ВЕЛЕС

На 28 ноември се одржа промоција на аудио книгата „Бели мугри“ – самостојно и волонтерско издание на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и Здружението на слепите лица на Општина Велес. Оваа книга се објави во чест на 79 годишнината од првообјавувањето на антологиската поетска збирка „Бели мугри“ од Кочо Рацин. Присутните во салата имаа можност да слушнат фрагменти од аудио книгата. При оваа пригода и делегација од Друштвото на писатели на Македонија ја посети библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес и одржа пригодно предавање за Рацин, а беа прочитани и авторски стихови од поетите, посветени на Рацин.