„ПОЕТСКА СРЕДБА ВО НЕБРЕГОВО“ ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

На 26.05.2021, со почеток во 12 часот, пред спомен-домот во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија читаа стихови и говореа во чест на великанот на нашата книжевност Блаже Конески.

Манифестацијата е сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето“ што се реализира под покровителство на Претседателот и со поддршка на Владата на Република Северна Македонија. На средбата настапија: Глигор Стојковски, Веле Смилевски, Христо Петрески, Пајо Авировиќ, Јулијана Величковска, Владимир Мартиновски, Снежана Стојчевска, Мишел Павловски, Мерсиха Исмајлоска и Соња Стојменска-Елзесер. Настанот беше збогатен со музички настап на групата „Канарина и гитара“ (Петар Ренџов и Ивана Стојановска).

Средбата се одржа по протоколите за организирање културен настан
во време на пандемија.