Суд на честа на Друштво на писателите на Македонија

Судот на честа е орган на Здружението што ги решава постојните спорови помеѓу членовите на Здружението, одлучува за судир на интереси, како и за дисциплинска одговорност на членовите и изрекува мерки во согласност со Статутот.

Судот на честа е составен од пет (5) члена кои се избираат од Собранието по предлог на членовите на Управниот одбор и истовремено не можат да бидат членови на други органи на Здружението. (Статут на ДПМ, Член 39 став 1 и 2)

Членови на Судот на честа на Друштвото на писателите на Македонија.

* * * * *

Членовите на Друштвото на писателите на Македонија се обврзани да ги почитуваат Статутот, Етичкиот кодекс, другите внатрешни акти на ДПМ и одлуките што ги носат органите на ДПМ. (Статут на ДПМ, Член 16, став 2, алинеја 2)

Етички кодекс на ДПМ

Правилникот на работењето на Судот на Честа на Друштвото на писателите на Македонија го доуточнува начинот на работење на Судот на честа на ДПМ, начинот на постапување во случај на прекршување на Етичкиот кодекс; свикувањето на седниците, како и донесувањето одлуки и водењето записник и архива од работата. Исто така, Правилникот за работењето на Судот на честа на ДПМ подетално го уредува и начинот за избор на членови на Судот на честа.

Правилник за работењето на Судот на честа на ДПМ

Доколку член на ДПМ смета дека бил прекршен Етичкиот кодекс на ДПМ од страна на други членови на ДПМ, може да биде пополнет и поднесен образец со Забелешка до Судот на честа, во која ќе биде наведен наводниот прекршок и ќе биде побарано Судот на честа да постапи по поднесената забелешка, да го направи соодветното испитување на случајот и да донесе Одлука.

ЗАБЕЛЕШКА до Судот на честа на ДПМ

Доколку член на ДПМ не е задоволен од Одлуката на Судот на честа, може да поднесе Приговор на Одлука на Судот на честа на ДПМ.

ПРИГОВОР на Одлука на Судот на честа на ДПМ

1 comment