Група членови на Друштвото на писатели на Македонија се вклучија во книжевниот настан организиран од Градската библиотеката на Гевгелија во рамки на одбележувањето на месецот на книгата. Пред публиката составена претежно од млади луѓе, писателите читаа свои дела и говореа за значењето на популаризацијата на книгата и читањето во современиот живот.