СРЕДБА СО ПИСАТЕЛКАТА ДРАГИЦА НАЈЧЕСКА

13.12.2018 – Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија на 13 декември со почеток во 12 часот се одржа средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85-ти роденден и педестгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација. За творечкиот опус и ликот на писателката говореше поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов. На средбата беше промовиран и најновиот роман на Драгица Најческа „Куќа на езеро“, за кој зборуваше писателката и критичарка Оливера Ќорвезироска. Извадок од романот и избор од поезијата на авторката читаше актерката Вирџинија Ристеска.