30% попуст во седум книжарници во Скопје за активните членови на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија минатата недела потпиша Меморандуми за соработка со седум издавачки куќи, со кои за своите активни членови обезбеди 30% попуст на изданијата на овие издавачи во нивните книжарници. Активниот член треба само да ја покаже членската книшка на Друштвото, во која треба да има ставено печат во полето „2024“.

„Ова е првата од конкретните придобивки за активните членови на ДПМ што се протега и надвор од ѕидовите на ДПМ“, објави Живко Грозданоски, претседател на ДПМ, на својот Фб-ѕид. „Ова е Друштвото што може да функционира и како синдикат, и да овозможува поволности за своите членови, да го подобрува квалитетот на живот. Воопшто, ова е еден од начините на кои може да се работи за да се подобри статусот на писателите во заедницата.“

1 comment