Вчера, 8.5.2025, во Друштвото на писателите на Македонија беа одбележани 8 децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик со претставување на шест од осумте нови членови на Друштвото: Искра Донева, Драгана Лукан Николоски, Лулзим Хазири, Хана Корнети, Митко Гогов и Атанас Бојаровски. Модератор на настанот беше Катерина Богоева, а на разговорот со и претставувањето на авторите му претходеше кратко излагање од Славчо Ковилоски, професор на Институтот за македонска литература во Скопје и главен и одговорен уредник на „Стожер“, кој направи брз пресек на развојот на македонскиот јазик, а нè потсети и на некои не толку познати имиња што твореле на македонски јазик во времето на НОВ: Илија Топалоски, Марика Наумова, Јаким Синадиновски, Цветанка Ѓошевска-Органџиева, Бранко Заревски и други.
Фотографиите што следат се од Наташа Гелева.












