
За годишните награди на ДПМ за минатата, 2023 година, се пријавија вкупно 35 дела. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до УО на ДПМ доставува бодовник, при што се поддржуваат пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор го пресметува збирот на бодови.
Награда „Стале Попов“
За наградата на ДПМ за најдобро прозно дело се пријавија четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегуваат следниве седум наслови:
- „Не кажувам“, роман од Петар Андоновски (издание на „Полица“)
- „Мина“, роман од Игор Анѓелков (издание на „Или-или“)
- „Во трка за животот“, роман од Петре Димовски (издание на „Дијалог“)
- „Ако се родат некакви чувства“, роман од Блаже Миневски (издание на „Матица“)
- „Заборав“, роман од Томислав Османли (издание на „ВиГ Зеница“)
- „Сè уште можам нешто да сторам“, роман од Фросина Пармаковска (издание на „Или-или“)
- „Вонземјанки“, збирка раскази од Влада Урошевиќ (издание на „Или-или“)

Награда „Ацо Шопов“
За наградата на ДПМ за најдобра книга поезија беа пријавени седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегуваат следниве шест наслови:
- „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“)
- „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат)
- „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“)
- „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“)
- „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“)
- „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“)

Награда „Ванчо Николески“
За наградата на ДПМ за најдобра книга за деца и млади беа пријавени шест дела. Поради малиот број конкуренти, тука вториот круг е воедно и финален круг, а во него влегуваат следниве три наслови:
- „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“)
- „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“)
- „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“)

Награда „Димитар Митрев“
За наградата на ДПМ за најдобра книга критика и есеистика беа пријавени осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегуваат следниве пет наслови:
- „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“)
- „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ (издание на „Полица“)
- „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“)
- „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат)
- „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет)

. . .
Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди треба да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири-комисиите.
Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Р. С. Македонија, рокот за достава на кандидатури е продолжен до 1 септември (недела).
Свеченото доделување на годишните награди на ДПМ за 2023 година е планирано за 18 септември (среда) 2024 г. во главната сала на ДПМ.
[…] награди на ДПМ за минатата, 2023 година, влегоа вкупно 21 дело. Во согласност со Деловникот за работа на […]