Многумина би можеле да забележат дека Друштвото на писателите на Македонија е целосно посветено на прозата и поезијата, понекогаш на научните студии и на литературата за деца… но ретко кој би рекол дека ДПМ во својот фокус го има театарот, пиесите, драмите и сцената. Затоа, синоќа во ДПМ Ана Стојаноска, редовна професорка по македонска драма и театар на ФДУ во Скопје, одржа интерактивно предавање на тема „Да пишуваме за театар!“: повик упатен до сите оние што го љубат пишувањето и театарот. Предавањето беше динамично, со постојано учество на присутните: проф. Ана Стојаноска ги повика присутните да размислуваат на одредени теми со тоа што им подели лист хартија со клучни термини од театарот, а потоа се постави како глумец што го крши четвртиот ѕид и влегува во коавторство со публиката.
Важно е исто така да се забележи дека овој настан беше пренесуван во живо за јавноста и од него постои видео запис, на кое може да се чуе предавачот, но и придонесот на присутните. Ова значи дека и следните настани во Друштвото можат да бидат отворени за јавноста преку Фејсбук-страницата на ДПМ, а гледачите можат активно да учествуваат, и да бидат вклучувани во настанот – а тоа е особено важно за членовите на ДПМ што не се од Скопје, но и за сите оние што би сакале да ги следат случувањата во Друштвото, а не се во можност.
Следат низа фотографии од настанот од Диме Данов.

































[…] награди на ДПМ за 2024 г., а на 10.12.2024 г. во ДПМ се одржа и предавање на Ана Стојаноска од ФДУ (, кое имаше и пренос во живо преку […]