Вчера напладне во главната сала на ДПМ во камерна атмосфера се одржа промоција на книга-предавање на тема „Неологизмите во поезијата на Весна Мундишевска Велјановска“, каде авторката М-р Елизабета Јончиќ говореше за првата студија во Македонија што се занимава со неологизмите во поезијата од една авторка. Преку паралелите со зборообразувањето на Гане Тодоровски и преку навраќњето на особеностите на неговите кованици, настанот беше и мало одбележување на 95 години од раѓањето на нашиот класик.
Настанот го отворија писателката и издавач Гордана Јовиќ-Стојковска и М-р Марија Стојановска, професорка по зборообразување (помеѓу другото) на Педагошкиот факултет во Битола.






