50% попуст во три театри во Скопје за активните членови на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија минатата недела потпиша Меморандуми за соработка со Театар Комедија, со Драмски театар и со Македонски народен театар во Скопје, со кои за своите активни членови обезбеди 50% попуст за најмногу два билети од претстава. Сè што треба да направи активниот член на ДПМ е да ја покаже својата членска книшка, на која треба да има печат во полето „2024“.

Друштвото на писателите на Македонија ќе продолжи да работи на обезбедување придобивки за своето членство.

1 comment