Годишни награди на ДПМ за 2024 г.: наслови во втор круг

Анонимните тричлени жири-комисии задолжени за избор на добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 г. ја направија првичната селекција на дела што влегуваат во вториот круг од конкурсот: полуфинален за „Стале Попов“, „Ацо Шопов“ и „Ванчо Николески“, а финален за „Димитар Митрев“. За „Мост“ се пријавени три дела, кои се веќе финалисти.

За наградата „Стале Попов“, за најдобра прозна книга објавена во 2024 г. од страна на писател член на ДПМ, од вкупно пријавените 11 дела, во вториог круг влегуваат следните 7 наслови:

1. „Ветрилиште“ (Игор Анѓелков, „Или-или“)

2. „Собирачите на пластични шишиња“ (Љубинка Донева, „Современост“)

3. „Кој го уби Едгар Алан По“ (Владо Јаневски, „Или-или“)

4. „Леска Брезоска“ (Симона Јованоска, „Или-или“)

5. „Човек глагол (Homo-verbum)“ (Елизабета Јончиќ, „Слово љубве“)

6. „Приказничар“ (Жарко Кујунџиски, „Антолог“)

7. „Јод“ (Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или-или“)

За наградата „Ацо Шопов“, за најдобра збирка поезија објавена во 2024 г. од страна на автор член на ДПМ, од вкупно 16 дела, во полуфиналниот круг влегуваат следните 8 наслови:

1. ,,Рајсфершлус“ (Јулијана Величковска, „ПНВ Публикации“)

2. „Бог на ба(к)терии“ (Митко Гогов, „Макавеј“)

3. ,,Јазикот што само ние го разбираме“ (Зоран Јакимоски, „ПНВ Публикации“)

4. „На грбот на неповратот“ (Владо Јаневски, „Агенција за иселеништво“)

5. „Светлината во нашите вени“ (Стефан Марковски, „Современост“)

6. „Одглас (на нечуеното)“ (Сузана Мицева, самиздат)

7. „Непронајдено прибежиште“ (Сашо Огненовски, „Антолог“)

8. „Посвети и пофалби“ (Ивица Џепароски, „Дијалог“)

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2024 г. од страна на автор член на ДПМ, од вкупно 10 пријавени дела, во вториот круг влегуваат следните шест:

1. „Бакнежи на небото“ (Иван Антоновски, „Светулка“)

2. „Играме, растеме“ (Владо Димовски, „Арс Ламина“)

3. „Саканија“ (Љубинка Донева, „Панили“)

4. „Со големо Д (прозен воспев на Другарството)“ (Александар Кујунџиски, „Антолог“)

5. „Очи во очи“ (Ели Маказлиева, „Едука Мак“)

6. „Првото жарче Љ У Б“ (Велко Неделковски, „Арс Ламина“)

За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика или есеистика, од шесте пријавени книги, во вториот, кој е воедно и финален круг, влегуваат следните три наслови:

1. „Книжевни паметници“ (Наташа Аврамовска, Институт за македонска литература)

2. „Жени во македонската книжевност од XIX век“ (Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература)

3. „Дом во тишина“ (Никола Маџиров, „Арс Ламина“)

За наградата „Мост“, која се доделува на книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат националностите во Македонија се пријавени три дела.

1. „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“, Гордана Јовиќ Стојковска, „Слово љубве“),

2. “Vetëtimat e heshtjes” („Молњи на молкот“, Делвина Крлуку, самиздат) и

3. “Kopeja Me Zgjebe ndjek autorin” („Шугавото стадо го брка авторот“, Каљош Челику, самиздат)

Комплетните списоци со сите финалисти за сите пет награди ќе бидат објавени следниот вторник, 4.2.2025 г. Петте добитници на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 г. ќе бидат објавени на 11.2.2025 г., а наградите ќе бидат доделени на свечената церемонија која ќе се одржи на денот на ДПМ, 13.2.2025 г.

Add comment