Успешно одржано годишното Собрание на ДПМ за 2025 – за првпат со физичко и со дигитално присуство

Годишното Собрание на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 г. успешно беше одржано вчера, на 17 мај: во просториите на Друштвото и за првпат и дигитално, на платформата Zoom. Од Собранието Беше изготвен и соодветен записник од страна на членките Ленче Милошевска и Драгана Евтимова, а оверен од членовите Мито Спасевски и Диме Ратајкоски. Главните заклучоци донесени на Собранието:

  • Усвоен е Записникот од Собранието на ДПМ од 1.6.2024 г.
  • Усвоен е Годишен извештај за работата на ДПМ во 2024 г. 
  • Усвоен е Периодичен извештај за работата на ДПМ (1.6.2024г.-29.4.2025 г.)
  • Усвоен е Финансискиот извештај за работата на ДПМ во 2024 г. 
  • Усвоен е Финансиски план за работата на ДПМ во 2025 г.
  •  Усвоена е Програма за работа на ДПМ со Годишна програма за работа на ДПМ во 2025 г.
  • Усвоени се измени и дополнувања во Статутот на ДПМ. Некои од поважните измени се следните: 

– Изгласана е промена на изгледот на печатот на Друштвото (буквите Д П М ќе бидат заменети од логото од ДПМ)

– Авторите што поднесуваат Барање за членство во ДПМ, освен по еден примерок од две свои дела, отсега треба да поднесат и: своја био-библиографија, две рецензии за нивни дела, како и препорака за членство од активен член на ДПМ.

– Усвоени се измени и дополнувања во Правилникот за работа на УО на ДПМ.

-Усвоен е нов износ за годишна членарина во ДПМ, кој изнесува 1.000 ден., а ќе почне да се практикува од почетокот на 2026 г.

Фотографија од годишното Собрание на работењето на Друштвото на писателите на Македонија:

За првпат годишното Собрание на ДПМ се одржа во просториите на ДПМ и на платформата ZOOM

Add comment