Проекција на седум кусометражни играни филмови во Кинотека

Вчера, во летното кино „Мирно лето“ во дворот на Кинотеката на РСМ, се одржа проекцијата на седум кусометражни играни филмови снимани според сценарија од македонски писатели во периодот од 1957 до 1970 година:

  • „Сонце зад решетки“ (1957), по сценарио и во режија на Славко Јаневски
  • „Твојот роденден“ (1961), по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ
  • „Невољите на покојникот К. К.“ (1963), по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ
  • „Давид, Голијат и петел“ (1960), по сценарио и во режија на Славко Јаневски;
  • „Лифт горе, лифт долу“ (1967), по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски,
  • „Човекот во црно“ (1970), по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев, и
  • „Споменик“ (1968), по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.

Пред проекцијата на избраните филмови, пред публиката се обрати селекторот Атанас Чупоски, филмолог советник во Кинотеката, кој накратко ја претстави програмата и зборуваше за зачетоците на македонската кинематографија, за првите филмски работници и остварувања, но и за некои претстојни ангажмани, пред сè поврзани до дигитализацијата на дела од фондот на Кинотеката.

Атанас Чупоски
Кадар од „Сонце зад решетки“ (1957)
Кадар од „Твојот роденден“ (1961)
Кадар од „Невољите на покојникот К. К.“ (1963)
Кадар од „Давид, Голијат и петел“ (1960)
Кадар од „Лифт горе, лифт долу“ (1967)
Кадар од „Човекот во црно“ (1970)
Кадар од „Споменик“ (1968)

Add comment