Предавање за Андреа Камилери во Друштвото на писателите на Македонија

Вчера, на 16.10.2025 г. во рамки на дваесет и петтата недела на италијански јазик во светот, во Друштвото на писателите на Македонија се одржа предавање на проф. Д-р Радица Никодиновска, под наслов „Италијанското и сицилијанското во јазичниот универзум на Андреа Камилери: преведувачки предизвици“. Вечерта ја отворија претседателот на ДПМ Живко Грозданоски и заменикот амбасадот Мoreno Ѕела, по што проф. Никодиновска, во динамично предавање во кое учествуваа и дел од присутните, се осврна на певедувачките техники користени при преведувањето на романот „Обликот на водата“ од Андреа Камилери.

Add comment