Врачена наградата „ВАВИЛОН ЗПРМ“ за најдобар млад книжевен преведувач за 2025 г.

Вчера (7.11.2025) во 18:00 часот во свечена атмосфера во Друштвото на писателите на Македонија се одржа врачувањето на наградата „ВАВИЛОН ЗПРМ“ за најдобар млад преведувач. Најпрво беа доделени три пофалници за посебно успешните преводи, а потоа, оваа година по дванаесетти пат, беше доделена и главната награда, која ѝ припадна на Марина Иванова од Кочани, за превод од англиски на македонски јазик на извадок од книгата „Земјата на живите и мртвите“ од Шона Лорес.

Друштвото на писателите на Македонија им ги честита наградите и признанијата на четворицата млади преведувачи, а на Здружението на преведувачи на РС Македонија му посакуваме уште долги години да го негува жарот на креативноста кај младите вљубеници во работата под Вавилон.

Add comment