Врачени наградите „Книжевен жезол“ за 2026 г.

Денес, 20 јуни 2026 г., на првиοτ дел од манифестацијата „Празник на липите“, во Друштвото на писателите на Македонија, на академик Ристо Василевски (Македонија) и на Роза Бојанова (Бугарија) им беа врачени јубилејните, триесетти по ред награди „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија, основани во 1996 г.

Плакетите и статуетките ги врачи претседателката на ДПМ Гордана Јовиќ-Стојковска, беседи за творештвата на лауреатите одржаа Сузана Мицева и Драгана Евтимова, а свои музични настапи имаше Филип Буркшлиев, најактивните и највпечатливите македонски гитаристи, композитори и импровизатори на современата музичка сцена.

По повод јубилејот, на свеченоста присуствуваше и г. Владо Велјаноски, кој го изработува „Жезолот“ од основањето на наградата во 1996 г.

Вториот дел на јубилејното издание на „Празник на липите“, односно врачувањето на наградите за конкурсот за најдобра кратка книжевна творба и поетското читање „Празник на липите“ е закажан за петти септември.

Add comment