Денес, 26 септември, во Друштвото на писателите на Македонија се одржа свеченото врачување на наградата „Даница Ручигај“ за 2026 година, која ѝ беше доделена на Даниела Андоновска-Трајковска за необјавениот поетски ракопис „Синтакса на постоењето“.
За книгата зборуваа претседателот на жири-комисијата, писателот Петре Димовски, како и претседателката на ДПМ Гордана Јовиќ-Стојковска, а настанот го водеше координаторката на конкурсот Елизабета Јончиќ.
Наградената авторка се претстави со неколку песни од „Синтакса на постоењето“, а настанот со свој музички настап го збогатија Ангела Иваноска и Софија Николовска, кои во a capella ги изведоа „Везилка“ од Блаже Конески, „Ленка“ од Кочо Рацин и македонската народна песна „О, Јано, Јано“.









