Завчера, 29.5.2025 г., во македонскиот културно-информативен центар во Истанбул се одржа претставувањето на петмината автори членови на ДПМ: четворицата добитници на традиционалните награди на Друштвото за 2024 г.: Жарко Кујунџиски, Иван Антоновски, Наташа Аврамовска и Гордана Јовиќ-Стојковска, и на претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Грозданоски. Низ разговор со г. Диме Ратајкоски, директор на Македонскиот КИЦ во Истанбул и со помош на преведувачката Асуде Кочан, авторите пред истанбулската публика зборуваа за своето творештво и за културните мостови помеѓу народите, како за еден од можните одговори на прашањето „Чуму книжевноста?“, кое беше и овогодишната тема на меѓународниот книжевен фестивал ITEF 2025.
Друштвото на писателите на Македонија се заблагодарува на македонскиот КИЦ во Истанбул за извонредната организација на овој важен настан и на сите посетители што придонесоа во настанот со своите прашања и приказни.







