КатегоријаСоопштенија

АДАМ ЗАГАЈЕВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Во духот на долгогодишната традиција, лауреатот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ се прогласува за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. Добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, беше прогласен за почесен член на ДПМ на свеченоста во вторник, на 28 август. 

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА АКАДЕМИК МИЛАН ЃУРЧИНОВ

На 31 јули (вторник) со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото на писатели на Македонија се одржa комеморација за неодамна починатиот книжевен научник, критичар и есеист, долгогодишен активен член на писателската асоцијација и во извесен период и нејзин претседател, академик Милан Ѓурчинов. Како еден од најкомпетентните проследувачи на македонската книжевност, со својот впечатливо...

ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ

Традиционалната манифестација „Празник на липите“ на ДПМ се одржа според востановените параметри, во просториите на ДПМ, со публика од шеесетина присутни, меѓу кои и високи претставници на Министерството за култура и Градот Скопје, како и амбасадорот на Р Романија во Р Македонија, г-дин Виорел Станила. Традиционалната награда „Книжевен жезол“ им беше врачена на македонскиот поет Видое Видичевски...

ДНЕВЕН РЕД НА ИЗБОРНОТО СОБРАНИЕ НА ДПМ

Врз основа на членовите 20, 21, 22 и 23 од Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а по одлука на Претседателството на ДПМ, свикувам Изборно собрание со следниот Дневен ред Отворање на Собранието;Избор на Работно претседателство;Донесување Деловник за работа на Изборното собрание; Избор на работни тела на Собранието: Верификациона и Изборна комисија;Извештај за работата на...

ПРОГРАМИ НА КАНДИДАТКИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДПМ

СОЊА СТОЈМЕНСКА ЕЛЗЕСЕР Соња Стојменска Елзесер, родена 1963 година, е есеист, критичар и книжевен научник. Доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на ДПМ е од 2009 година. ПРОГРАМА Повеќе од три децении професионално сум целосно посветена на литературата, како критичар и есеист, професор...