На конкурсот „Даница Ручигај“, кој оваа 2026 г. која оваа година по вторпат се доделува на најдобар необјавен поетски ракопис, пријавени се вкупно 12 наслови:
- „Синтакса на постоењето“ од Даниела Андоновска-Трајковска
- „На брегот на езерото“ од Марија Воденска
- „Воскресение“ од Оливера Доцевска
- „Луцидна тагорадост“ од Владо Јаневски
- „Четврта димензија“ од Ленче Милошевска
- „Триптих во сина боја“ од Милчо Мисоски
- „Зачин на летата“ од Томислав Османли
- „Лирска емигрантка“ од Ирена Павлова де Одорико
- „Анемона“ од Христо Петрески
- „Немирна“ од Ана Стојаноска
- „Еманципација“ од Јусуф Сулејман
- „Јас сум волк и сакам рани“ од Каљош Челику
Добитникот на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга ќе биде соопштен на 16 септември, а наградата ќе биде врачена на 26 септември оваа година. По наградената книга „Ткажалки“ (2025) од Александра Јуруковска, избраниот ракопис што ќе биде објавен оваа година ќе биде втората книга од едицијата „Даница Ручигај“ на ДПМ.
