Доделена наградата „Вавилон – ЗПРМ“ за 2024 г.

Во насока на поголема отвореност кон заедницата, вмрежување со други институции од областа на книжевноста и културата, Управниот одбор на ДПМ на својата последна седница (25.11.2024) усвои Ценовник за изнајмување на просториите на ДПМ на други лица и на институции. Вчера, 30 ноември 2024, во Друштвото на писателите на Македонија се одржа свеченото доделување на наградата „Вавилон – ЗПРМ“, која ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Република С. Македонија.

Пред присутните се обратија претседателката на ЗПРМ, Лукреција Маљковиќ Атанасовска и претседателот на Организацискиот одбор на „Вавилон ЗПРМ“, Милан Дамјаноски, кои им се заблагодарија на сите млади преведувачи што се пријавија на конкурсот.

Добитници на Наградата „Вавилон ЗПРМ“ за 2024 г. се Тијана Алваџиоска и Иван Доневски за преводот од англиски на македонски јазик на „Нашите сопруги под морето“ од Џулија Армфилд.

Наградата вклучува парична награда од 60.000 денари, објавување на дел од наградениот превод во списанието „Културен живот“, и едногодишно членство во ЗПРМ.

Следат избор фотографии од настанот од фотографот Игор Димовски.

1 comment