Предавање на Игор Радев во ДПМ: „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“ – 14.10.2024

Вчера во свечената сала во ДПМ синологот Игор Радев одржа предавање на тема “In medias res politicae: класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“. Низ зборови и низ слики, раскажувајќи епизоди од богатата класична кинеска историја, Радев пропатува заедно со публиката во ДПМ еден милениум наназад, во времето на Су Ши (1037 – 1101) и другите стари кинески поети, кога поезијата имала толку висок статус во општеството што поетите и политичарите биле дел од истата класа, а слободните лица од земјата полагале пишување поезија за да се стекнат со државна функција. 🍷

1 comment