На конкурсот „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга пријавени вкупно 10 ракописи

На конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија, која од оваа година, според возобновените концепт и Правилник, ќе се доделува на необјавена поетска книга, се пријавија следните десет ракописи од активни членови на Друштвото на писателите на Македонија. Авторите и насловите се набојани подолу, по азбучен ред, според презимето на авторот на ракописот:

1.         Владо Јаневски – „Трагичен сонувеч“

2.         Александра Јуруковска – „Ткажалки“

3.         Ирена Јурчева – „Седум“

4.         Кузман Кузмановски – „Азбука“

5.         Ели Маказлиева – „Танцот на времето“

6.         Милчо Мисоски – „Арабеска“

7.         Ирена Павлова де Одорико – „Телодом“

8.         Ана Пејчинова – „Чувари на малите нешта“

9.         Ана Стојаноска – „Три пати крешендо“

10.       Славица Урумова-Марковска – „Микросветови на секојдневието“

За наградата „Даница Ручигај“ оваа година, во согласност со усвоениот Правилник за доделување на наградата, самостојно ќе одлучуваат тројца членови од анонимна жири-комисија избрана од Управниот одбор на Друштвото на писателите на Македонија. Со среќа на сите пријавени автори!

1 comment