Промоција на „Она што се памети живее“ и во Битола

Денес, 6 април во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на книгата „Она што се памети живее (Никогаш докрај раскажани приказни)“ во организација на Македонското научно друштво oд Битола (МНД) и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Книгата, издание на ДПМ, содржи сеќавања од современи книжевници за значајни починати писатели, а пред многубројната публика писателите Петар Андоновски, Милица Димитријовска Радевска, Елизабета Јончиќ, Ирена Јурчева, Фросина Пармаковска и Добре Тодоровски споделија сеќавања за Драги Михајловски, Владимир Костов, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Никола Кочовски и Лилјана Дирјан. Настанот го модерираа Живко Грозданоски и Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на МНД.

Add comment