Промоција на „Она што се памети живее“ во Штип

Денес во Штип се одржа промоција на збирката раскази „Она што се памети живее (Никогаш докрај раскажани приказни)“. Учесниците на настанот: Живко Грозданоски, Трајче Кацаров и Христо Петрески разговараа за значењето на ова дело во одржувањето на меѓугенерацискиот континуитет во книжевната заедница, како и за процесот на настанување на книгата. Присутните се потсетија и на повеќе писатели и впечатливи настани од минатото, а посебен акцент беше ставен на ликот и делото на поетот Благој Самоников од Штип (1942 — 2025).

Add comment