Отворен конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2026 г.

Управниот одбор на ДПМ го отвори конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за дела објавени во 2026 г.: „Стале Попов“ – за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ – за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ – за најдобра книга за деца, „Димитар Митрев“ – за најдобра книга критика или есеистика и „Мост“ – за најдобра книга објавена на некој од јазиците на заедниците во Македонија.

Во согласност со Статутот на ДПМ, право на учество (со сопствено дело или како членови на жири-комисиите) имаат сите активни членови на Друштвото, кои до просториите на ДПМ треба да достават (лично, или по пошта) четири примероци од делото.

Во однос на регулативата, конкурсот за годишните награди на ДПМ се организира во согласност со Правилникот за годишните награди и во согласност со Деловник за работа на жири-комисиите.

Конкурсот ќе биде отворен до (заклучно со) 23 декември, 15:00 часот. Оние дела што ќе бидат испечатени во периодот од 23 до 31 декември 2025 г. исто така ќе можат да учествуваат, со тоа што авторот/издавачот заедно со четирите примероци од делото до крајот на годината ќе треба да достави и потврда од печатницата, која ќе сведочи дека делото било испечатено во наведениот временски период.

Add comment