Спроведен попис на 72 уметнички дела во просториите на ДПМ

Во петокот, 20.9.2024 г, во Друштвото на писателите на Македонија беше спроведен попис на уметничките дела со кои располага ДПМ: кустосите Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски од Музејот на современа уметност во Скопје поминаа неколку часа во просториите на Друштвото на писателите и направија детален список со уметнички дела, нивни автори, години на создавање, употребувана техника и димензии на делото.

Грижата за Друштвото и за културното наследство што тоа го носи во и со себе се одвива на повеќе рамништа, а пописот на уметничките дела е еден основен чекор.

1 comment