Синоќа во Друштвото на писателите на Македонија се одржа промоцијата на најновиот роман на Игор Анѓелков, насловен „Ветрилиште“. Промоторката Оливера Ќорвезироска го најави ова дело на Анѓелков како неговата најхрабра приказна досега: „потаму од ‘Двојна експозиција’ на ниво на отвореност, потаму од ‘Шрапнел’ на ниво на трансферот татко-син, потаму (дури и како со лупа) од ‘семејството’ во ‘Мина’.“
Во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија, промоторката Ќорвезироска и авторот разговараа за „Ветрилиште“ и за процесот на неговото пишување, и тоа беше тројно поклопување: особено затоа што пишувањето и писателството се централните теми во овој роман. Следат неколку фотографии од Горан Михајловски.































