Вечер со Олга Панкина во ДПМ

Вчера, 15 септември, во ДПМ се одржа вечер со Олга Панкина, истакнаата преведувачка, поетеса и есеистка. Оваа вечер воедно беше одбележување на два јубилеи: 50 години од постоењето на Лекторатот по македонски јазик на московскиот Државниот Универзитет „Ломоносов“, односно 15 години од основањето на Македонскиот културен центар во Москва.

На вечерта свое излагање имаше поетот Ефтим Клетников, кој зборуваше пред сè за поезијата и за есеистиката на Олга Панкина, но исто така и за непроценливото значење на културната активност на Олга Панкина.

Add comment