Друштво на писатели на Македонија

МАКЕДОНСКО ЖЕНСКО ПИСМО: ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА

На 2.12.2019, во Друштвото на писатели на Македонија  се одржа книжевен настан посветен на творештвото на македонските жени-писатели, со следната содржина:

– Доделување на плакетата „Даница Ручигај“ за 2019 година на Марина Мијаковска за збирката „Коскена“, со критички осврт на Славица Дабевска Ќировска
– излагање на Димитар Пандев на тема „Женскиот поетски стимул во македонскиот XIX век“
– излагање на Весна Мојсова-Чепишевска на тема „Првите дами на модерната македонска поезија“ и
– излагање на Милица Димитријовска-Радевска на тема „Традиција и иновации во женското писмо во XXI век“

Излагањата беа проследени со поетски рецитал на авторките од Битолскиот книжевен круг: Елизабета Јончиќ, Весна Мундишевска-Велјановска, Гордана Стојаноска и Милица Димитријовска-Радевска.

Друштво на писатели на Македонија