Друштво на писатели на Македонија

КатегоријаАктивности

„ЗЛАТОВРВ“ ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ ВО ЧЕСТ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Во петок, 10.12.2021 г., со почеток во 11 часот, во холот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се одржа поетско читање посветено на великанот на нашата книжевност Блаже Конески под наслов „Златоврв“. На средбата настапија: Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева, Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска и Соња Стојменска-Елзесер...

Празник на липите 2021

На 2 јули 2021 година со почеток во 20.30 часот се одржа поетската манифестација „Празник на липите 2021“ која ДПМ традиционално ја организира секоја година во соработка и под покровителство на Град Скопје. Првично планирана да се одвива на просторот на зелениот покрив на ГТЦ, манифестацијата мораше да се премести во внатрешноста на објектот, под стреа, поради ненадејниот дожд. Со солидна...

„ПОЕТСКА СРЕДБА ВО НЕБРЕГОВО“ ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

На 26.05.2021, со почеток во 12 часот, пред спомен-домот во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија читаа стихови и говореа во чест на великанот на нашата книжевност Блаже Конески. Манифестацијата е сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето“ што се реализира под покровителство на Претседателот и со поддршка на...

Ден на ДПМ – Врачување на годишните книжевни награди (13.02.2021)

Во прилог се видео-записите од одбележувањето на 74-годишнината од основањето на ДПМ и врачувањето на традиционалните книжевни награди за 2020 година – настан кој се одвиваше според строги безбедносни протоколи во време на пандемија. Обраќање на Претседателот на Друштво на писатели на Македонија, Соња Стојменска Елзесер по повод Денот на ДПМ 13 февруари. Игор Станојоски му ја врачи наградата на...

Плакетата „Даница Ручигај“ за „Пукнатина на светлината“ од Билјана Станковска

Плакетата „Даница Ручигај“, што се доделува на писателка членка на ДПМ за стихозбирка објавена во тековната година, а во чест на македонската поетеса Даница Ручигај која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес во 1963 година, оваа година ѝ се доделува на поетесата Билјана Станковска за стихозбирката „Пукнатина во светлината“. Селекторката Виолета Танчева-Златева во своето образложение...

Празник на липите 2020

Манифестацијата “Празник на липите” оваа година се одржа со мало задоцнување, во месец септември, на платото пред Младинскиот културен центар, според протоколите за организирање културен настан во време на пандемија. На свеченоста му беше врачена наградата „Книжевен жезол 2020“ на македонскиот поет Михаил Ренџов, а за неговиот поетски опус говореше Владимир Мартиновски. Беше прочитано и писмото...

Доделување на традиционалните годишни книжевни награди на Македонската писателска асоцијација за 2019 година

Во текот на декември 2019 година беше распишан Конкурсот на Друштвото на писатели на Македонија за најдобри книжевни остварувања во годината што измина. Од пристигнатите 57 наслови стручните жирија во првата фаза одбраа наслови што влегоа во потесен избор, а потоа по пат на гласање ги селектираа добитниците на наградите. Во потесен избор за наградата за проза „Стале Попов“  влегоа...

Промоција на романот „Клиентот на Шекспир“ од Милош Латиновиќ

Во Домот на македонските писатели се одржа промоција на романот „Клиентот на Шекспир“ од српскиот писател Милош Латиновиќ, во организација на писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која е преведувач на македонски јазик на овој роман.Романот го промовираа Кристина Николовска и Младен Весковиќ, а модератор на настанот беше Ана Антоновска.

Јазикот е нашата татковина – поетско читање во чест на Блаже Конески

На 20.12.2019, во Друштвото на писатели на Македонија  се одржа поетско читање на кое поети од различни генерации  ја искажаа својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески. Тие  прочитаа по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна, а настапија: Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В...

Трибина ” Книжевни манифестации” – Годишно собрание

На 12.12.2019  во просториите на Друштвото на писателите на Македонија се одржа редовно годишно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија, на  тема  „Книжевните манифестации“.Собранието  го водеше претседателот на Собранието, Христо Петрески, а на трибината покрај него заа темата книжевни манифестации воведни излагања имаа и Мито Спасевски и Елена Пренџова.

Друштво на писатели на Македонија