Пет ракописи во потесен избор за наградата „Даница Ручигај“ на ДПМ за 2026 г.

На конкурсот „Даница Ручигај – 2026“ за најдобар поетски ракопис од член на Друштвото на писателите на Македонија, кој беше распишан на 3 јули 2026 г. пристигнаа вкупно 12 ракописи, два повеќе од минатата година. Анонимната тричлена жири-комисија, по првиот круг бодување на пристигнатите дела, издвои 5 ракописи, тука претставени по азбучен ред, според презимето на авторот:

  • ,,Синтакса на постоењето” – Даниела Андоновска-Трајковска
  • ,,Луцидна тагорадост” – Владо Јаневски
  • ,,Зачин на летата” – Томислав Османли
  • ,,Лирска емигрантка” – Ирена Павлова де Одорико
  • ,,Анемона” – Христо Петрески

Добитникот на наградата „Даница Ручигај“ за 2026 г., и имињата на членовите на жири-комисијата ќе бидат објавени на 16 септември 2026. Минатогодишен добитник на наградата „Даница Ручигај“ беше ракописот „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, прва книга од едицијата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Макдонија.

Add comment