КатегоријаАктивности

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДПМ НА ГАЛИЧКА КНИЖЕВНА КОЛОНИЈА 2018

Во организација на Здружението за литература, уметност и култура „Галикул” по 24-ти пат се одржа традиционалната Галичка книжевна колонија. Поради отежнати временски услови и снегот кој го затрупа патот кон Галичнк, оваа година манифестацијата се одржа во Трница, едно од помалите но прекрасни села на Мијачкиот крај. На Галичка книжевна колонија учествуваа: Весна Мојсова Чепишевска, Соња...

ДПМ ВО ГЕВГЕЛИЈА: СРЕДБА НА ПИСАТЕЛИ И ЧИТАТЕЛИ ВО РАМКИ МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Група членови на Друштвото на писатели на Македонија се вклучија во книжевниот настан организиран од Градската библиотеката на Гевгелија во рамки на одбележувањето на месецот на книгата. Пред публиката составена претежно од млади луѓе, писателите читаа свои дела и говореа за значењето на популаризацијата на книгата и читањето во современиот живот.

“ПОЕТСКА ГРАВИТАЦИЈА“ ВО БИТОЛА

Здружението за наука и култура од Битола и Друштвото на писателите на Македонија денеска во Центарот за култура во Битола одржаа поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“. Со свои креативни излагања учествуваа писателите : Соња Стојменска-Елзесер, Мирјана Стојановска, Мишел Павловски, Мито Спасовски,Фросина Пармаковска, Ленче Милошевска, Милица...

НЕКАДЕ ЅВОНИ: ЗБОГУВАЊА СО МАТЕЈА МАТЕВСКИ

Друштвото на писателите на Македонија организираше собир посветен на академик Матеја Матевски кој почина минатата среда. Неколку писатели кажуваа сеќавања за познанството и соработката со Матевски.   Претседателката на ДПМ Соња Стојменска-Елзесер рече дека болката по неговата смрт се испреплетува со светла гордост. – Затоа што го имавме меѓу нас тој прекрасен и мудар човек и затоа што...

ДЕНОВИ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Со манифестацијата „Средба на поетските генерации“ на 19 декември, во 11 часот, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Друштвото на писателите на Македонија ќе ја одбележи 96-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Со учество на 20 поети од разлини генерации ДПМ ќе му оддаде почит  на големиот творец и научник и прв претседател на македонската писателска асоцијација, чиј опус...