Денес во Друштвото на писателите на Македонија беа врачени традиционалните годишни награди на Друштвото за изминатата, 2025 г., со што ДПМ одбележа 79 години постоење.
Оливера Ќорвезироска – награда „Стале Попов“ (за романот „Три Марии“, во издание на „Арс Ламина“), за најдобра прозна книга објавена во 2025 г.
Бранко Цветкоски – награда „Ацо Шопов“ (за стихозбирката „Вообразби (лирски етиди за некој друг свет“, во издание на „Макавеј“), за најдобра збирка песни во 2025 г.
Хана Корнети – награда „Ванчо Николески“ (за романот за деца „Илина и тајните на Бабин Заб“, во издание на „Или-или“) за најдобра книга за деца и млади во 2025 г.
Елизабета Шелева – награда „Димитар Митрев“ (за книжевно-критичкото дело „Книжевни созвучја и огледала“, во издание на „Сивејан“), за најдобра книга критика и есеистика во 2025 г.
Ахмет Селмани – награда „Мост“ (за збирката песни „Инфинитивна поука“, самиздат) за најдобра книга објавена во 2025 г. на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Р. Македонија

























[…] од Министерството за култура и туризам, ценети лауреати на наградите на ДПМ за 2025 г., драги колешки и колеги членки и членови на Друштвото […]