Членови на Друштвото на писателите на Македонија учествуваа на 26-тата по ред, литературна манифестација во рамки на традиционалните ,Денови на културата во општина Илинден 2025”, којашто се одржуваше во општинскиот Дом на културата од 13 до 15 мај.
На 25.5.2025 г. во Друштвото на писателите на Македонија се одржа трибини со наслов: „Кои се авторските права на писателите?“ На трибината учествуваа Блаже Миневски, Делвина Крлуку, Игор Станојоски, Петар Андоновски и Билјана С. Црвенковска. Настанот беше модериран од претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Грозданоски.
Македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ се годинешните добитници на наградата „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Оваа традиционална награда за животен опус, најголемата што ја доделува Друштвото, се состои од статуетка и од плакета, а на поетот и на поетесата ќе им биде врачена на манифестацијата „Празник на липите“, која ќе се одржи на...
Евгенија Шуплинова се смета за првата модерна македонска поетеса; нејзината збирка песни со наслов „Грешница“ е објавена во книгоиздателството „Кочо Рацин“ во 1960 година. Денес пренесуваме девет песни од творештвото на Шуплинова, помеѓу кои и една посветена на поетесата Даница Ручигај, која загина во земјотресот на 26.7.1963 г.
Денес, во салата на Друштвото на писателите на Македонија, беа и официјано доделени традиционалните награди на ДПМ за 2024 г. Овогодинешното доделување на наградите беше придружено со настапот на Dobrila&Dorian Duо и нивните прекрасни звуци на традицијата ја обединија публиката во која, освен гости, присуствуваа и голем дел од поновите и повозрасните генерации на членови на Друштвото на...
Конкусот за годишните награди на ДПМ е на чекор од разрешницата. Тројцата кандидати за наградата „Мост“ (најдобра книга напишана на некој од јазиците зборувани од националностите во Македонија) се познати од почетокот на конкурсот, минатата недела беа обзнанети финалистите за наградата „Димитар Митрев“ за најдобра збирка критика или есеистика, а сега познати се и финалистите за наградите „Стале...