Друштвото на писателите на Македонија минатата недела потпиша Меморандуми за соработка со седум издавачки куќи, со кои за своите активни членови обезбеди 30% попуст на изданијата на овие издавачи во нивните книжарници.
Вчера во свечената сала во ДПМ синологот Игор Радев одржа предавање на тема “In medias res politicae: класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“. Низ зборови и низ слики, раскажувајќи епизоди од богатата класична кинеска историја, Радев пропатува заедно со публиката во ДПМ еден милениум наназад, во времето на Су Ши (1037 – 1101) и другите стари кинески поети, кога...
Во Друштвото на писателите на Македонија беше спроведен попис на уметничките дела со кои располага ДПМ: кустосите Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски од МСУ во Скопје поминаа неколку часа во просториите на ДПМ и направија детален список со уметнички дела, нивни автори, години на создавање, употребувана техника и димензии на делото.
Друштвото на писателите на Македонија денес на прес-конференција ги соопшти добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 г. Добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2023 година е романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на „Матица“. Наградата „Стале Попов“ беше доделена со бодување од страна на жири-комисијата во состав: Гордана...
Во полуфиналниот круг за традиционалните годишни награди на ДПМ за минатата, 2023 година, влегоа вкупно 21 дело. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до УО на ДПМ доставува бодовник, при што се гласа за пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор...
За годишните награди на ДПМ за минатата, 2023 година, се пријавија вкупно 35 дела. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до УО на ДПМ доставува бодовник, при што се поддржуваат пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор го пресметува збирот на бодови...
За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела: „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“ „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, издание на „Полица“ „Мина“ (роман) од Игор Анѓелков, издание на „Или-или“ „Параглајдери меѓу гулабите“ (роман) од Јован Дамјановски, издание на „Дијалог“ „Единствен матичен број“ (роман) од...