Членовите на анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ги дадоа своите први гласови за пристигнатите дела на конкурсот.
Конкурсот ќе биде отворен до (заклучно со) 23 декември, 15:00 часот. Оние дела што ќе бидат испечатени во периодот од 23 до 31 декември 2025 г. исто така ќе можат да учествуваат, со тоа што авторот/издавачот заедно со четирите примероци од делото ќе треба да достави и потврда од печатницата, која ќе сведочи дека делото било испечатено во тој временски период.