23-24.11.2018
Членови на ДПМ зедоа учество во низа програмски активности во рамките на 45-тото издание на Карамановите поетски средби во Радовиш.
23-24.11.2018
Членови на ДПМ зедоа учество во низа програмски активности во рамките на 45-тото издание на Карамановите поетски средби во Радовиш.
Во организација на Здружението за литература, уметност и култура „Галикул” по 24-ти пат се одржа традиционалната Галичка книжевна колонија. Поради отежнати временски услови и снегот кој го затрупа патот кон Галичнк, оваа година манифестацијата се одржа во Трница, едно од помалите но прекрасни села на Мијачкиот крај. На Галичка книжевна колонија учествуваа: Весна Мојсова Чепишевска, Соња...
Група членови на Друштвото на писатели на Македонија се вклучија во книжевниот настан организиран од Градската библиотеката на Гевгелија во рамки на одбележувањето на месецот на книгата. Пред публиката составена претежно од млади луѓе, писателите читаа свои дела и говореа за значењето на популаризацијата на книгата и читањето во современиот живот.
Здружението за наука и култура од Битола и Друштвото на писателите на Македонија денеска во Центарот за култура во Битола одржаа поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“. Со свои креативни излагања учествуваа писателите : Соња Стојменска-Елзесер, Мирјана Стојановска, Мишел Павловски, Мито Спасовски,Фросина Пармаковска, Ленче Милошевска, Милица...
Во духот на долгогодишната традиција, лауреатот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ се прогласува за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. Добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, беше прогласен за почесен член на ДПМ на свеченоста во вторник, на 28 август.
На 31 јули (вторник) со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото на писатели на Македонија се одржa комеморација за неодамна починатиот книжевен научник, критичар и есеист, долгогодишен активен член на писателската асоцијација и во извесен период и нејзин претседател, академик Милан Ѓурчинов. Како еден од најкомпетентните проследувачи на македонската книжевност, со својот впечатливо...
Традиционалната манифестација „Празник на липите“ на ДПМ се одржа според востановените параметри, во просториите на ДПМ, со публика од шеесетина присутни, меѓу кои и високи претставници на Министерството за култура и Градот Скопје, како и амбасадорот на Р Романија во Р Македонија, г-дин Виорел Станила. Традиционалната награда „Книжевен жезол“ им беше врачена на македонскиот поет Видое Видичевски...
Друштвото на писателите на Македонија организираше собир посветен на академик Матеја Матевски кој почина минатата среда. Неколку писатели кажуваа сеќавања за познанството и соработката со Матевски. Претседателката на ДПМ Соња Стојменска-Елзесер рече дека болката по неговата смрт се испреплетува со светла гордост. – Затоа што го имавме меѓу нас тој прекрасен и мудар човек и затоа што...
Врз основа на членовите 20, 21, 22 и 23 од Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а по одлука на Претседателството на ДПМ, свикувам Изборно собрание со следниот Дневен ред Отворање на Собранието;Избор на Работно претседателство;Донесување Деловник за работа на Изборното собрание; Избор на работни тела на Собранието: Верификациона и Изборна комисија;Извештај за работата на...
СОЊА СТОЈМЕНСКА ЕЛЗЕСЕР Соња Стојменска Елзесер, родена 1963 година, е есеист, критичар и книжевен научник. Доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на ДПМ е од 2009 година. ПРОГРАМА Повеќе од три децении професионално сум целосно посветена на литературата, како критичар и есеист, професор...