Добитник на наградата „Даница Ручигај“ за 2025 г. за најдобра необјавена поетска книга е збирката песни со наслов „Ткажалки“, чиј автор е Александра Јуруковска, реномирана новинарка од областа на културата.
Вчера напладне, во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернацнионалните поети гости на Струшките вечери на поезијата, на Иван Штрпка, овогодишен лауреат на златниот венец на СВП, му беше врачена плакета со почесно членство во Друштвото на писателите на Македонија.
Низ разговорот, Јаневски говореше за тематиката и за доживувања на трите романи, за креативните преокупации при нивното создавање, но и за инспирациите и начинот на кој ги создава своите дела патувајќи низ светот (досега престојувал во над 70 земји). Неговото творештво се одликува со мултижанровски пристап, а дела често му се проткаени со елементи на магичен реализам.
Во Друштвото на писателите на Македонија, по пауза од една година, на 13 и 14 јуни се одржа меѓународната манифестација „Празник на липите“. На првиот ден беа врачени наградите „Книжевен жезол“ на лауреатите Славе Ѓорѓо Димоски и Радмила Лазиќ, а на вториот ден се одржа литературното читање „Празник на липите 2025“.